Достапни линкови

Во Њујорк состанок за иранската нуклеарна програма


шефот на иранската дипломатија Џавад Зариф
Министрите за надворешни работи на петте постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации и на Германија ќе се состанат денеска во Њујорк со шефот на иранската дипломатија Џавад Зариф. Целта на состанокот е да се разгледа декларираната подготвеност на Иран да ја отстрани повеќегодишната меѓународна загриженост поради иранската нуклеарна програма. Денешниот состанок ќе биде прв директен контакт на шефовите на дипломатиите на Соединетите држави и на Иран Џон Кери и Џавад Зафир во изминативе шест години.
XS
SM
MD
LG