Достапни линкови

ЕУ ја предупреди Хрватска за законот за екстрадиција


Еврокомесарката за правда Вивијен Рединг
Европската унија денеска соопшти дека има намера да воведе санкции против Хрватска околу контроверзните амандмани на законот за екстрадиција. Еврокомесарката за правда Вивијен Рединг изјави дека хрватското придружување кон Шенгенската зона ќе биде доведено во прашање доколку Загреб не ги повлече амандманите. Хрватска ги одобри амандманите само неколку дена пред да влезе во Европската унија на 1 јули. Со измените се ограничува екстрадицијата за кривични дела извршени пред 7 август 2002 година. Хрватска го одби германското барање да го израча поранешниот шпион Јосип Пејаковиќ поради негова поврзаност со убиство на хрватскиот дисидент Стјепан Ѓурековиќ во 1983 во Германија.
XS
SM
MD
LG