Достапни линкови

Допрва ќе се утврдува дали ќе се гради крак од Јужниот тек за Македонија


Седница на собаниската Комисија за надворешна политика.
Седница на собаниската Комисија за надворешна политика.

Собраниската комисијата за надворешна политика ја поддржа спогодбата меѓу Македонија и Руската Федерација, согласно која изградбата на кракот за Македонија од Јужниот тек ќе започне доколку се утврди исплатливоста на потенцијалната инвестиција од руска страна.

Јужниот тек за власта е проект од големо економско и политичко значење за Македонија. При презентирањето на поволностите, членовите од владејачката партија во собраниската комисијата за надворешна политика не заборавија да потсетат дека опозиционерите џабе критикувале.
Педесет проценти од тој гасовод е во сопственост на Република Македонија. Факт е дека веќе седум години никој од владата не сака да го користи тој гасовод. За 35.000 евра може да поврзете било кое училиште за тој гасовод, ама не сакате. Градоначалникот на Скопје веќе се откажа од тоа. Во Скопје, не само во други делови на Македонија, постои гасоводен прстен.
Јани Макрадули,СДСМ.

Харалампие Шокаровски забележа дека опозицијата на прес-конференции само млитаво набројувала проекти кои не ги остварува владата на ВМРО–ДПМНЕ.

„А не кажаа ниту еден збор за огромните вакви инфраструктурни проекти, како овој гасовод и други проекти кои ги оствари оваа влада“, рече Шокаровски.

Не зборувајте како Македонија да е веќе гасифицирана, бидејќи сепак станува збор за спогодба меѓу Македонија и Русија, одврати пратеникот на опозицијата Сафет Бишевац.

„Не мислам дека е потребно сето тоа да го презентираме како некаква колосална придобивка и резултат од некакви визионерски способности на Владата на Република Македонија“, рече Бишевац.
Зошто не ја потпишал премиерот? Дали нашата цел е Руската Федерација или Европската унија? Ако се потпише спогодбата, гасоводот немало да се изгради. Зошто е кракот само за Македонија? Се гледа дека секоја алтернатива за целиот проект, без разлика дали е енергетска, политичка, економска или трговска се обидува да се девалвира.
Антонио Милошоски, ВМРО-ДПМНЕ.

Нереално е да се очекува дека проектот досега требаше да биде завршен во Македонија, вели пратеникот од власта Ромео Тренов.

„Ако мислите дека ние требаше во 2006 година да почнеме да копаме од Русија за да стигнеме во Македонија – во ред, тогаш би бил завршен овој проект, меѓутоа не е така“, рече Тренов.

Веќе постои гасоводен прстен околу Скопје и ако владата сака гасификацијата може да почне уште утре, забележува пратеникот на СДСМ Јани Макрадули.

„Педесет проценти од тој гасовод е во сопственост на Република Македонија. Факт е дека веќе седум години никој од владата не сака да го користи тој гасовод. За 35.000 евра може да поврзете било кое училиште за тој гасовод, ама не сакате. Градоначалникот на Скопје веќе се откажа од тоа. Во Скопје, не само во други делови на Македонија, постои гасоводен прстен“, рече Макрадули.

Претседателот на собраниската комисија Антонио Милошоски смета дека опозицијата има премногу забелешки за спогодбата:

„Зошто не ја потпишал премиерот? Дали нашата цел е Руската Федерација или Европската унија? Ако се потпише спогодбата, гасоводот немало да се изгради. Зошто е кракот само за Македонија? Се гледа дека секоја алтернатива за целиот проект, без разлика дали е енергетска, политичка, економска или трговска се обидува да се девалвира“, рече Милошоски.

Со еден глас „воздржан“ и останатите „за“, комисијата ја поддржа спогодбата, согласно која изградбата на кракот за Македонија од Јужниот тек ќе започне доколку се утврди исплатливоста на потенцијалната инвестиција од руска страна.
XS
SM
MD
LG