Достапни линкови

Ердоган предлага алтернатива на ОН


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган предложи формирање алтернатива на Обединетите нации, објави турскиот весник на англиски јазик „Хуриет дејли њуз“.
Ердоган во телевизиско интервју синоќа ја критикуваше „неактивноста“ на Советот за безбедност на ОН во однос на случувањата во Сирија и Египет. „Ако сметаме дека светот е поголем од петте постојани земји членки на Советот за безбедност, тогаш останатите земји можат да формираат сопствена организација по примерот на ОН. Ваквиот потег може да ја принуди Светската организација на реформа“, изјави Ердоган. Пред неколку месеци турскиот премиер апелираше за реформа на Советот за безбедност на ОН.
XS
SM
MD
LG