Достапни линкови

Бурнс се сретна со претставник на Муслиманското братство во затвор


американскиот заменик – државен секретар Вилјам Бурнс
Медиумите јавуваат дека американскиот заменик – државен секретар Вилјам Бурнс се сретнал со високорангиран претставник на египетското Муслиманско братство кој е во затвор. Заменик шефот на Братството е обвинет за наводно убивање на демонстранти кои протестираа против претседателот Мухамед Морси. Бурнс бил придружуван од министерот за надворешни работи на Катар, заедно со претставник на Европската унија. Дипломатите се целат кон ставање крај на тензиите меѓу подржувачите и противниците на отстранетиот исламистички претседател. Армијата го суспендираше уставот во земјата по анти-владините протести минатиот месец.
XS
SM
MD
LG