Достапни линкови

Јапонскиот министер кој ги фалеше нацистите не поднесува оставка


Јапонскиот министер за финансии Таро Асо
Јапонскиот министер за финансии Таро Асо одби да се повлече од функцијата по неговата изјава дека земјата би требало да го следи нацистичкиот пример и тајно да го смени уставот, пред другите да го сфатат тоа.
Асо и покрај протестите од соседните земји и активистите за човекови права изјави дека тој стои зад своите други забелешки и дека нема да поднесе оставка. Неговата изјава предизвика бран критики дома, но и во Јужна Кореја каде што се оценува дека Јапонија не ја научила лекцијата од нејзиното милитаристичко минато.
XS
SM
MD
LG