Достапни линкови

Солзавец против демонстрантите во Тунис


Погребната поворка за убиениот опозиционер Мухамад Брахми.
Туниската полиција ноќеска употреби солзавец за да ги растера демонстрантите од градот Сиди Бузид, место каде што почна Арапската пролет и роден град на убиениот опозициски политичар Мухамад Брахми. Тензиите во земјата се зголемија по убиството на Брахми во четвртокот. Во обид да се спречи проширување на немирите, секуларистичките коалициски партнери на владејачката исламистичка партија Енахда најавија преговори за нов договор за поделба на власта. Полицијата употреби солзавец и против демонстрантите што протестираа во главниот град Тунис. Погребот на секуларистот Брахми вчера се претвори во антивладини протести. Тој е вториот убиен опозиционер од почетокот на годинава. Владата ги обвини исламистичките екстремисти за двете убиства.
XS
SM
MD
LG