Достапни линкови

Новиот крал Филип -единство и разнородност на Белгија и Европа


Philippe will swear an oath as King of Belgium later on Sunday.
Новиот седми крал на Белгија Филип денеска положи заклетва во Парламентот во Брисел и порача дека како шеф на државата ќе ги штити суверенитетот и целовитоста на земјата.Тој нагласи дека единството и разнородноста како на Белгија така и на Европа ќе му претставуваат залог за излегување од економските потешкотии. Идната година се одржуваат парламентарни избори во Белгија и многу белгијски коментатори оценија дека голем испит за новиот шеф на државата ќе биде тоа во која меа ќе успее да се соочи со обидите на најголемата партија Н - ва Белгија да стане конфедерација. Филип дојде на престолот на Белгија денеска откако татко му кралот Алберт Втори му го отстапи престолот, со образложение дека староста и болеста не му дозволуваат повеќе да ја извршува функцијата.
XS
SM
MD
LG