Достапни линкови

Израел ја осуди ЕУ за мешање во внатрешните работи


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја критикуваше одлуката на Европската унија да забрани финансирање на сите израелски институции кои работат во окупираните територии. Нетанјаху изјави дека Израел не прифаќа никакви надворешни укази. Според него, европејците би требало повеќе да се грижат за поургентните проблеми во регионот, како конфликтот во Сирија и иранската нуклеарна програма. Палестинската власт ја поздрави одлуката на Брисел што би требало да се применува од идната година. Според меѓународното право, израелските населби на Западниот Брег се незаконски.
XS
SM
MD
LG