Достапни линкови

Македонка во машки спорт


Маја Дејкоска, македонска борачка. (во црна маичка).
Маја Дејкоска, македонска борачка. (во црна маичка).

Маја Дејкоска е првата Македонка која настапила на едно ЕП во женско борење.

Маја Дејкоска е првата Македонка која настапила на едно ЕП во женско борење. 16 годишната прилепчанка дебито на меѓународната сцена го имаше на јуниорскиот собир на најдобрите на Стариот континент што минатата недела се одржа во Скопје. Настапот заврши во првото коло од категоријата до 55 килограми, што е очекуван епилог за девојката која во борењето е само 8 месеци и која на изненадување на многумина реши да гради кариера во спортот кој важи за машки.
Добро, борењето може да се каже дека е машки спорт. Но, не е само машки и женски спорт е, за мене барем. Од секогаш сум ги сакала тие јаки спортови да ги наречеме и ете почнав да тренирам. Инаку, јас кошарка тренирав две години, но сепак го одбрав борењето, а не кошарката.
Маја дејкоска, борачка.

„Добро, борењето може да се каже дека е машки спорт. Но, не е само машки и женски спорт е, за мене барем. Од секогаш сум ги сакала тие јаки спортови да ги наречеме и ете почнав да тренирам. Инаку, јас кошарка тренирав две години, но сепак го одбрав борењето, а не кошарката“, вели Маја.
Маја Дејкоска, македонска борачка.
Маја Дејкоска, македонска борачка.

Таа на домашната сцена има само една спаринг партнерка, Катерина Мирческа. Поради тоа Дејкоска, во својот клуб „7-ми мај Леов“, најчесто работи со момчиња, што е ново големо изненадување. Сепак, нашата репрезентативка не гледа ништо чудно во тоа, иако признава дека за партнерите со кои тренира важат посебни правила.

„За мене исто е се. Добро кај машките не е толку лесно, не смеат да фаќаат на некои предели, а ние ... Смееме, не смееме. За мене, супер е“.
Тоа јас сум го одбрала. Тие се должни да ме поддржат или да не ме поддржат, ама повеќето ме поддржуваат. А, најголемата поддршка ја имам од мајка ми и од другарките. Другите не толку, ама сепак, тие што ми се најблиски тие мене ми е најбитно да ме поддржуваат.

Дејкоска со задоволство истакнува и дека има голема поддршка од луѓето кои најмногу и значат, иако има и такви кои не се воодушевени од нејзината одлука да се занимава со овој спорт.

„Тоа јас сум го одбрала. Тие се должни да ме поддржат или да не ме поддржат, ама повеќето ме поддржуваат. А, најголемата поддршка ја имам од мајка ми и од другарките. Другите не толку, ама сепак, тие што ми се најблиски тие мене ми е најбитно да ме поддржуваат“.

Кога се во прашање амбициите, пак, членката на клубот „7-ми мај“ пред се сè надева дека во блиска иднина македонското женско борење ќе има систем на натпревари, а не како што е во моментов кога се сè сведува на ревијални средби. Тоа е прв предуслов за квалитетна конкуренција, која ќе бара посериозна работа за надградување на формата, а се со цел постигнување забележителни резултати и исполнување на желбата ...

„Да учествувам на летните Олимписки игри и на Светското првенство. Па, мислам дека ќе успеам. Треба само тренинзи, напорна работа и ќе се стигне секаде“, истакна на крајот македонската репрезентативка во женско борење, Маја Дејкоска.
XS
SM
MD
LG