Достапни линкови

Паркот Гези во Истамбул отворен за јавноста


од протестите
Паркот Гези во Истамбул, епицентарот на анти-владините протести во земјата, денеска повторно е пуштен во употреба, откако зелената површина на плоштадот Таксим беше опколена со кордон во изминативе три недели. Градоначалникот на Истамбул Авни Мутлу предупреди дека полицијата ќе реагира за растурање на било какви илегални собири во главниот град. Немирите во мај настанаа во знак на незадоволство од плановите за изградба на трговски центар на зелената површина. Демонстрациите брзо прераснаа во анти-владини протести.
XS
SM
MD
LG