Достапни линкови

Шефот на романската дипломатија во посета на Македонија


Титус Корлацеан
Во официјална посета на Република Македонија денеска ќе престојува шефот на дипломатијата на Романија Титус Корлацеан. Тој и неговиот домаќин, македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски, ќе разменат мислења за билатералните односи и економската соработка, за можностите за натамошен развој, како и за заедничка соработка во контекст на ЕУ, НАТО и на регионален план.
За време на посетата, се очекува министерот Корлацеан да биде примен од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, како и од претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.
XS
SM
MD
LG