Достапни линкови

Експерт на ОН за слобода на изразување во посета на Македонија


Специјалниот известувач на Обединатите Нации Франк Ла Руе
Специјалниот известувач на Обединатите Нации Франк Ла Руе денеска ќе пристигне во Македонија на тридневна посета. За време на неговата посета тој ќе ја оцени состојбата со слободата на изразување во земјава. Тој доаѓа во посета на земјата по покана на македонската влада. Во соопштението од ОН е наведено дека Ла Руе при посетата ќе се сретне и со невладини организации, новинари и медиумски организации.
Специјалниот известувач ќе продготви извештај во кој ќе ги наведе главниот наоди и препораки за унапредување на правото за слобода на изразување во Македонија, а извештајот ќе биде презентиран во Советот за човекови права при ОН во јуни 2014 година. Прелиминарните забелешки Ла Руе ќе ги презентира в петок на пресконференција во Скопје.
XS
SM
MD
LG