Достапни линкови

Новиот претседател на Иран сака да ги подобри односите со светот


Хасан Рохани, Техеран, 17.06.2013
Новоизбраниот ирански претседател Хасан Рохани, изјави дека поголема транспарентност во врска со нуклеарната програма на Иран ќе помогне за олеснување на меѓународните санкции против Техеран. На првата прес конференција по изборите, Рохани сепак оцени дека санкциите се брутални и неправедни и ја отфрли можноста од стопирање на збогатувањето ураниум. Тој се заложи за подобрување на односите на Иран со другите земји, особено со соседите, а најави дека негов приоритет ќе бидат економијата и социјалните прашања.
XS
SM
MD
LG