Достапни линкови

Разговори во Вашингтон за помош на сириската опозиција


Џон Кери
Американскиот Државен секретар Џон Кери го одложи патувањето во Израел и на Палестинските територии, за да учествува на разговорите во Белата Куќа во текот на оваа недела, за тоа како да и се помогне на сириската опозиција. Портпаролката на Стејт Департментот Џен Псаки изјави дека состанокот ќе биде фокусиран врз сите опции за помагање на опозицијата, освен за распоредување на американски трупи на теренот.
Најавата доаѓа во период на извештаи дека Вашингтон размислува дали да ги вооружи сириските бунтовници, кои претрпеа серија неуспеси откако либанскиот Хезболах влезе во конфликтот на страната на владата.
XS
SM
MD
LG