Достапни линкови

Британска поддршка за македонските евроинтеграции


Британскиот министер за европски прашања Дејвид Лидингтон
Обединетото Кралство континуирано го подржува процесот на натамошно проширување на Европската унија, како и евроинтеграцијата на Македонија. Ова, како што е соопштено од македонската влада, на денешната средба во Лондон му го посочил британскиот министер за европски прашања Дејвид Лидингтон на вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими. Во разговорите, Лидингтон нагласил дека е важно да се покаже напредок според Декемвриските заклучоци на Европскиот Совет, добрососедските односи и прашањето за името.
XS
SM
MD
LG