Достапни линкови

Албанскиот претседател го откажа учеството на Самитот во Охрид


Претседателот на Албанија Бујар Нишани
Претседателот на Република Албанија Бујар Нишани нема да учествува на Самитот на шефови на држави на ПСЈИЕ што ќе се одржи на први и втори јуни во Охрид. „Причина за ваквата одлука на Нишани е фактот што претседателката на Косово Атифете Јахјага не е поканета да учествува на Самитот, што е во спротивност со духот на соработката и дијалогот кој владее во регионот и кој го олеснува остварувањето на заедничката цел - европска интегација. Оставањето на Косово надвор од Самитот е резултат на притисокот од страна на Србија, што е во спротивност со потпишаните договори меѓу Косово и Србија и поконкретно се крши член 14 од договорот Тачи-Дачиќ, потпишан во Брисел на 19 април 2013“, стои во соопштението од кабинетот на албанскиот претседател.
Претседателката на албанскиот Парламент Јозефина Топали не учествуваше на Десеттата конференција на претседателите на парламентите на ПСЈИЕ што деновиве се одржа во Охрид, а и шефот на дипломатијата Алдо Бумчи најави дека нема да учестувува на претстојниот Формален состанок на министрите за надворешни работи на земјите учеснички во ПСЈИЕ.
XS
SM
MD
LG