Достапни линкови

Разговори Медведев - Нечас за нуклеарката Темелин


Москва, 27.05.2013
Рускиот премиер Дмитриј Медведев, на денешните разговори во Москва со чешкиот колега Петр Нечас, изјавил дека чешки компании ќе добијат нарачки во износ од 6 милијарди евра, доколку чешко-рускиот конзорциум го добие тендерот за доградба на нуклеарката Темелин во Чешка. За истиот проект конкурира и американско – јапонската корпорација Вестингхаус. Предвидено е Нечас во Сочи да има средба и со рускиот претседател Владимир Путин, а за време на 4-дневниот престој во Русија, ќе ги посети и Санкт Петерсбург и Екатерингург.
XS
SM
MD
LG