Достапни линкови

Сеул го одби предлогот на Пјонгјанг за разговори


севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун
Јужна Кореја денеска го одби предлогот на Северна Кореја за дијалог за нејзината нуклеарна програма. „Делата се поважни од зборовите“ соопшти јужнокорејското министерство за надворешни работи во коментарот по повод писмото на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун до кинескиот претседател Си Џинпинг. Во писмото било наведено дека Пјонгјанг бил подготвен повторно да преговара со Јужна Кореа, САД, Русија, Јапонија и Кина за својата нуклеарна програма. Сеул смета дека оваа подготвеност всушност било само обид на Пјонгјанг да го задоволи својот голем сојузник Пекинг.
XS
SM
MD
LG