Достапни линкови

Перес ги повика изралеците и палестинците да изнајдат решение


Изралескиот претседател Шимон Перес се сретна со американскиот државен секретар Џон Кери
Израелскиот претседател Шимон Перес изјави дека мировно решение за израелците и палестинците е „ реална можност“ и не треба повеќе време да се губи. Тој тоа го изјави на маргините на Светскиот економски форум кој се оддржа во Јордан. Тој изјави дека и двете страни имаат „функционални“ решенија и ги повика и двете страни да го надминат долготрајниот „ скептицизам и сомнеж“. Ваквите коментари доаѓаат откако палестинскиот преседател Махмуд Абас го повика Израел да „ стави крај на окупацијата на нивната територија“ и да ги ослободи палестинските затвореници.
XS
SM
MD
LG