Достапни линкови

Хезболах: Падот на Асад за Блискиот Исток ќе значи „ мрачен период“


Битките во Сирија
Лидерот на либанскиот Хезболах шеик Хасан Насрали предупреди дека падот на режимот на Башар Ал Асад може да предизвика јакнење на екстремистичките движења и да го потурнат Блискиот исток во „ мрачен период“. Тој во неговото вчерашно телевизиско обраќање од непозната локација истакна дека неговата шиитска група нема да биде пасивна додека нејзиниот главен сојузник во Дамаск е под напад. Припадниците на Хезболах во Сирија се борат против исламистичките екстремиски кои преставуваат опасност по Либан, и никогаш нема да дозволат сириските бунтовници да ја контролираат област која се граничи со Либан, изјави Насрали. Ова е прво негово јавно излагање во кое потврдува дека припаднииците на неговата група се борат во Сирија.
XS
SM
MD
LG