Достапни линкови

Поранешен ирански претседател со критика за властите


Поранешниот ирански претседател Акбар Хашеми Расфанџани
Поранешниот ирански претседател Акбар Хашеми Расфанџани упати остра критика до власта во земјата. Пред два дена изборната комисија му забрани на Расфанџани да се кандидира на престојните претедателски избори. Според соопштението, тој ги обвинил лидерите на исламската република за неспособност и незнаење.
Расфанџани на членовите на неговиот тим им порачал дека не верува оти земјата може да биде предводена полошо отколку сега. 78 годишниот Расфанџани се смета за умерен политичар и беше поддржан од реформските групи.
XS
SM
MD
LG