Достапни линкови

Јанкулоска-треба регулатива за однесување на натпревари


Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска по прекинот на финалето на фудбалскиот куп меѓу „Шкендија“ и „Тетекс“ изјави дека по излегувањето на навивачите од арената „Филип Втори“ немало инциденти и дека МВР немало потреба да интервенира. Според неа, организаторот постапил согласно правилата и се запазени законските процедури.
Јанкулоска истакна дека извикувањето националистички пароли и недоличното навивање треба да наиде на максимална осуда не само кај ФФМ и МВР, туку и кај пошироката јавност.Таа порача дека со вчерашната атмосфера на фудбалскиот натпревар се потврдило дека е неопходно да има јасна регулатива за однесувањето на сите присутни на спортските натпревари.
XS
SM
MD
LG