Достапни линкови

Грузија ќе ги истражува причините за војната со Русија


Грузискиот премиер Бидзина Иванишвили
Специјална истражна комисија ќе ги истражува причините за кратката војна меѓу Грузија и Русија во август во 2008 година. Грузиското обвинителство соопшти дека комисијата ќе брои осум членови кои ќе ги истражуваат криминалните активности за време и по војната.
Во минатиот месец премиерот Бидзина Иванишвили изјави дека претседателот Михаил Сакашвили можеби ќе биде повикан на сослушување за војната. По конфликтот Москва ја призна независноста на грузиските отцепени региони Јужна Осетија и Абхазија.
XS
SM
MD
LG