Достапни линкови

Началникот на ГШ на АРМ на Конференција на НАТО


Началник на генералштабот на АРМ, генерал Горанчо Котески
Началникот на Генералштабот на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески утре ќе учествува на Конференцијата на Воениот комитет на НАТО во Брисел. Во фокусот на средбата ќе биде досегашниот развој на состојбите и извршувањето на плановите и задачите во рамки на мисијата ИСАФ во Авганистан. На конференцијата ќе стане збор и за влијанието на мисијата ИСАФ на регионалната безбедност.
Во вториот дел од конференцијата ќе се разгледува извршувањето на мисијата КФОР на Косово и развојот на ситуацијата во однос на новите политички односи меѓу Белград и Приштина.
XS
SM
MD
LG