Достапни линкови

Пакистанската опозиција прогласи победа на изборите


Наваз Шариф
Поранешниот пакистански премиер Наваз Шариф најверојатно ќе ја формира новата влада на земјата по праламентарните избори. Изборните власти соопштија дека гласале речиси 60 отсто од граѓаните, односно 86 милиони лица. Околу 20 лица загинаа во оделни напади, но гласањето беше поздравено и претставува пресвртница, бидејќи за прв пат во историјата на Пакистан е избрана граѓанска влада. Шариф прогласи победа на неговата опозициска партија Муслиманската лига и повика на соработка меѓу сите политички сили.
XS
SM
MD
LG