Достапни линкови

САД имаат докази за употреба на хемиско оружје во Сирија


Жртва на хемиски напад во Сирија
Американскиот претседател Барак Обама изјави денеска дека САД имаат докази дека во Сирија било употребено хемиско оружје, но според него немаат доволно факти за да регираат. Обама повторно напомена дека употребата на хемиско оружје ќе ја промени играта.
Но тој порача и дека кога донесува одлуки за националната сигурност на САД и можноста од покренување на дополнителна акција против употребата на хемиско оружје мора да биде сигурен дека ги има сите факти. Според него, пребрзиот заклучок може да ја загрози соработката на САД со меѓународната заедница.
XS
SM
MD
LG