Достапни линкови

Казнета невладината Голос која ги набљудува изборите во Русија


Протести пред седиштето на Голос
Московскиот суд и изрече парична казна на проминентната организација Голос која врши независен мониторинг на изборите во земјата поради непочитување на новиот закон за невладини организации. Судот донесе одлука Голос да плати казна од 10 илјади долари, бидејќи организацијата не сакала да се регистрира како странски агент.
Според законот донесен во ноември во минатата година сите невладини кои се финансирани од странство и кои се вклучени во политички активности треба да се регистрираат како странски агенти.
XS
SM
MD
LG