Достапни линкови

Расте бројката на жртви во земјотресот во Авганистан


Повредените во земјотресот во болница во Џалалабад
Авганистанските локални власти од покраината Нангахар соопштија дека најмалку 12 лица загинале, а повеќе од сто биле повредени во земјотресот која ја погоди земјата. Илјадници домови биле срушени во покраината Кунар. Силни потреси биле почуствувани и во Кабул и Исламабад.
Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот бил со сила од 5,7 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот бил на околу 25 километри одалеченост од Џалалабад во близина на границата со Пакистан.
XS
SM
MD
LG