Достапни линкови

Маратонот во Лондон ќе се одржи


Бомбашкиот напад на маратонот во Бостон
Британските власти соопштија дека маратонот во Лондон ќе се одржи во недела и покрај стравувањата по бомбашкиот напад на маратонот во Бостон во кој загинаа три лица, а над 140 беа повредени. Британскиот министер за спорт Хју Робертс изјави денеска дека ќе продолжат со подготовката на маратонот, бидејќи не сакаат да им подлегнат на заканите.
Организаторите на маратонот соопштија дека работат на обезбедување на маратонот на кој ќе учествуваат повеќе од 37 ипол илјади натпреварувачи.
XS
SM
MD
LG