Достапни линкови

Најмалку 40 загинати во земјотресот во Иран


Епицентарот на земјотресот во Иран
Иранската национална телевизија јави дека најмалку 40 лица загинале во силниот земјотрес, кој ја погоди земјата. Според нив, била прекината струјата и комуникацијата во покраините Систан и Балоучистан, каде е епицентарот на земјотресот. Властите стравуваат дека ќе има над стотици загинати. Руската компанија која ја изгради нуклеарната централа Бушер соопшти дека објектот не бил оштетен од земјотресот.
Американската геолошка истражувачка организација соопшти дека земјотресот бил со јачина од 7, 8 степени според Рихтеровата скала и се случил во близина на границата со Пакистан. Потреси биле почуствувани во Њу Делхи, како и низ Персискиот залив и јужна Азија.
XS
SM
MD
LG