Достапни линкови

Управниот суд уважи 16 тужби за Центар


Втор круг гласање на Локални избори 2013.
Управниот суд до попладнево уважи 16 од вкупно 34 тужби на ВМРО-ДПМНЕ за решенијата на Државната изборна комисија за гласањето во вториот круг во општина Центар. Извесно е дека во оваа општина ќе биде повторен вториот круг од гласањето. Судот уважи и три од осум тужби за Струга. Рокот до кога треба да постапуваат по останатите е 19 часот кога и ќе се знае дали ќе има прегласување и во општина Струга. До утре Управниот суд треба да се изјасни и за 60-те тужби на СДСМ за одлуките на ДИК за изборниот процес во вториот круг од локалните избори. Судот денеска одби четири тужби од ДУИ за Студеничани и 30 тужби на ВМРО-ДПМНЕ за Куманово.
XS
SM
MD
LG