Достапни линкови

Министри на Г8 ќе се сретнат со членови на сириската опозиција


Од ланскиот Самит на Г8
Министрите за надворешни работи на неколку земји од Групата 8 денеска во Лондон ќе се сретнат со членови на сириската опозиција, со кои се очекува да разговараат и за снабдувањето со оружје на бунтовниците во Сирија.
Разговорите ќе бидат одржани на маргините на дводневниот состанок на шефовите на дипломатиите на Г8, што почнува денеска.
Велика Британија и Франција притискаат да биде симнато ембаргото на ЕУ, за да се овозможи снабдување со оружје на опозициските борци. Меѓутоа, Германија повикува на претпазливост, додека Русија, која исто така е членка на Г8, ја снабдува со оружје сириската влада.
Во групата уште членуваат САД, Канада, Италија и Јапонија.
XS
SM
MD
LG