Достапни линкови

Мушараф може да се кандидира на изборите во Пакистан


Первез Мушараф
Пакистанската изборна комисија соопшти дека поранешниот воен лидер на земјата Первез Мушараф може да се кандидира за место во Парламентот на изборите во мај. Локалните власти од градот Цитрал ја прифатија кандидатурата на Мушараф, откако властите во Карачи и други градови ја одбија.
Мушараф кој речиси десет години беше на власт во земјата се врати во Пакистан во минатиот месец, по четири години поминати во егзил. Тој се соочува со низа на правни спорови, меѓу кои и предавство кое се казнува со смрт.
XS
SM
MD
LG