Достапни линкови

Меѓународната помош за Кипар кон средината на мај


Никозија
Кипар се очекува првата транша од кредитот за помош на земјата да ја добие кон средината на мај.
Преговорите на земјата со тројката меѓународни кредитори од Еврпската Унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд се во финална фаза.
Кон крајот на неделата тројката ќе претстави извештај за кредитниот договор на Еврогрупата, која ќе заседава на 12 април во Даблин.
По усвојувањето на договорот од Еврогрупата ќе почне постапка за ратификација од парламентите на земјите од еврозоната.
Минатиот месец Еврозоната одобри спасувачки пакет во вредност од 10 милијарди евра за Кипар.
XS
SM
MD
LG