Достапни линкови

Кенија-Врховниот суд ја потврди победата на новиот претседател


Ухуру Кенијата
Врховниот суд на Кенија едногласно ја прифати победата на Ухуру Кенијата на претседателските избори во земјата. Според судот, Кенијата и неговиот заменик Вилјам Руто биле прописно избрани. Судот смета дека изборите на 4 март биле фер, слободни, транспарентни и веродостојни.
Кенијата ќе положи заклетва на функцијата на 9 април. Тој ќе биде четвртиот претседател за време на 50 годишната независност на земјата.
XS
SM
MD
LG