Достапни линкови

Аплауз за Никола Младенов за се што направи во медиумскиот бизнис


Никола Младенов
Со долг аплауз присутните на денешната комеморација му одадоа почит на новинарот и сопственик на Фокус Никола Младенов за се што направи во медиумскиот бизнис. На комеморацијата на Младенов, кој вчера загина во собраќајна несреќа во близина на Хиподром присуствуваа членови на семејството, соработници, колеги новинари, јавни личности од општествениот живот, членови на дипломатскиот кор. Неговата сопруга Билјана рече дека на Младенов најбитна му била слободата, бидејќи колку новинарите се послободни, толку се поодговорни во она што го работат.
На комеморацијата говореа и неговиот колега и пријател Синиша Станковиќ, колумнистот Мимоза Ристова, претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, претседателот на ССНМ Тамара Чаусидис, а во име на редакцијата на Фокус, новинарот Саше Димовски.
XS
SM
MD
LG