Достапни линкови

Груевски-големата поддршка претставува нова обврска и одговорност


Премиерот Никола Груевски на гласањето на локалните избори
Премиерот Никола Груевски изјави денеска дека големата поддршка која ја добиле од граѓаните на локалните избори и освојувањето на градоначалничките места во општините каде СДСМ беше на власт за нив претставува нова обврска и одговорност. Според него, граѓаните во општини каде досега победувале СДСМ почуствувале потреба да видат исполнување на програма, проекти и дела, како во општините каде делува ВМРО ДПМНЕ.
Груевски по посетата на Градската општа болница „8 Сетпември“ истакна дека лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски е класичен пример како ја завршуваат кариерата политичарите кои ја злоупотребуваат довербата на народот.
XS
SM
MD
LG