Достапни линкови

Дамаск ги обвини бунтовниците дека користеле хемиско оружје


Алепо
Сириската влада ги обвини бунтовниците дека користеле хемиско оружје. Според државните медиуми, „терористите“, како што ги нарекува бунтовниците режимот на Башар ал Асад, истрелале ракети со хемиски материјал во Алепо при што убиле 15 луѓе.
Ова е за прв пат режимот на Асад да ги обвини бунтовницте за користење хемсико оружје, нешто за што беше обвинета неговата влада од страна на меѓународната заедница.
Се смета дека Сирија има најголемо количество на хемиски резреви на Блискиот Исток. Бунтовниците во изминативе две години зазедоа неколку воени бази и не се знае дали заробиле и хемиско оружје.
XS
SM
MD
LG