Достапни линкови

Мамиќ приведен за говор на омраза


Здравко Мамиќ
Првиот човек на фудбалскиот клуб Динамо од Загреб, Здравко Мамиќ, денеска бил приведен во полиција поради поттикнување омраза и насилство, јави Хрватската телевизија. Јавното обвинителство ќе покрене кривична пријава против Мамиќ, кој денеска во една радио емисија изјави дека Жељко Јовановиќ, како србин, не може да биде министер за спорт во Хрватска оти имал крвни зрнца кои мразат се што е хрватско. Ваквата изјава со говор на омраза ја осудија претседателот и премиерот на Хрватска, Иво Јосиповиќ и Зоран Милановиќ, како и многумина други политичари. Здравко Мамиќ е еден од најмоќните луѓе во Хрватскиот фудбалски сојуз, а идниот петок престои квалификацискиот фудбалски натпревар меѓу Хрватска и Србија.
XS
SM
MD
LG