Достапни линкови

ЕУ ја одложи одлуката за сиријските бунтовници


Претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј
Лидерите на Европската унија ја одложија одлуката за тоа дали да почнат да ги снабдуваат со оружје сиријските бунтовници кои се борат против режимот на претседателот Башар ал Асад. Претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј на крајот од дводневниот самит во Брисел соопшти дека за ова ќе се разговара на состанокот што за идната недела е закажан во Даблин. Франција соопшти дека е подготвена да ги снабдува бунтовниците со оружје и доколку Унијата не го симне ембаргото, кое истекува на крајот од мај. Британија ја поддржува оваа идеја, но другите членки, меѓу кои и Германија, се против.
XS
SM
MD
LG