Достапни линкови

Министерството за правда работи на предметот за Монструм


Министерот за правда Блерим Беџети
Министерот за правда Блерим Беџети денеска потврди дека предметот за случајот „Монструм“ е во министерството. Но, тој не прецизираше кога ќе биде испратен во Косово од каде треба да се екстрадираат обвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ. Беџети само одговори дека се работи на предметот и согласно законите и билатералниот договор ќе постапат по него.
Демири и Исмаиловиќ, по 11-месечно бегство, беа уапсени на 3 март во Приштина.
XS
SM
MD
LG