Достапни линкови

Басеску-нереално е влегувањето на Романија во еврозоната во 2015


Романскиот претседател Трајан Басеску
Романскиот претседател Трајан Басеску изјави денеска во парламентот дека влегувањето на Романија во еврозоната во 2015 година е нереална цел и дека за тоа ќе бидат потребни три до четири години.
Според Басеску, прифаќањето на еврото е обврска која произлегува од Договорот за членство, но прецизира дека првичната цел за влез во монатарната унија во 2015 година станала неостварлива и рокот треба да биде променет по анализа од Владата, парламентот и Националната банка.
XS
SM
MD
LG