Достапни линкови

Експлозија во Кабул за време на посетата на Хегел


Американскиот секретар за одбрана Чак Хегел пристигнува во Авганистан
Властите во Авганистан соопштија дека бомбаш самоубиец детонирал експлозивна направа пред Министерството за одбрана во главниот град на земјата Кабул. За сега нема дополнителни информации за жртви. Инцидентот се случил за време на посетата на новиот американски секретар за одбрана Чак Хегел. Властите соопштија дека Хегел не бил во близина на местото каде настанала експлозијата.
XS
SM
MD
LG