Достапни линкови

Протести на приврзаниците на Хованисјан во Ерменија


Рафи Хованисјан
Илјадници приврзаници на поразениот кандидат за претседател на Ерменија Рафи Хованисјан повторно протестираа денеска во Eереван. Поранешниот министер за надворешни работи и лидер на опозициска партија Хованисјан одржа митинзи во неколку градови во изминатите недели. Тој тврди дека претседателот Серж Саркисјан со измама победил на изборите на 18 февруари. Хованисјан на неговите приврзаници им најави дека неделава планира да одржи серија на протести во Ереван и други 10 градови.
Според официјалните резултати, Саркисајн победи со освоени 57 отсто од гласовите, а Хованисјан доби 37 проценти.
XS
SM
MD
LG