Достапни линкови

Цивил апелира да се преземат мерки за спречување на насилствата


Претседателот на Цивил, Џабир Дерала.
Невладината Цивил најостро ги осуди насилствата на неодамнешните протести и упати протест до партиите поради меѓусебните обвинувања и избегнување на одговорноста за меѓуетничките тензии. Во соопштението од невладината повикуваат на одговорност на владините институции и бараат од нив да спроведат механизми за подобрување на меѓуетничките односи, а не да ескалираат омразата и насилството.
Според Цивил, владините институции можат да преземат мерки за спречување на инциденти до изборите и потоа. Крајно опасно е како што се вели во соопштението, национализмот и меѓуетничките односи да се злоупотребуваат за постигнување тесно-партиски интереси во контекст на претстојните избори.
XS
SM
MD
LG