Достапни линкови

Пратениците на ДПА ќе се вратат во Парламентот


Претседателот на ДПА Мендух Тачи
Претседателот на ДПА Мендух Тачи пред почетокот на седницата на партијата најави дека нивните пратеници ќе се вратат во македонскиот Парламент. Во однос на вчерашните случувања за кои ќе разговара Централното претседателство на ДПА Тачи ја обвини владејачката ДУИ дека игра валкани игри со македонските политички партии.Тој апелираше до Албанците да не ја загубат довербата во политичкиот процес.
Според него, ваквите настани на никому не му одговараат и тоа не е игра и тие што си играат со тоа не се зрели за тоа колку е комплициран политичкиот живот во Македонија.
XS
SM
MD
LG