Достапни линкови

Новоименуваниот кинески претседател против корупцијата


Новиот кинески претседател Чи Џинпинг
Кинескиот новоименуван претседател Чи Џинпинг ги повика политичарите да се борат против корупцијата со цел да се осигура опстанокот на владејачката Коминистичка партија. Според него, партијата нема да биде во можност да ја одбележи 100 годишнината за осум години доколку нејзините членови не направат повеќе во борбата со оваа појава во општеството.
Џинпинг беше именуван за лидер на Комунистичката партија во ноември и ќе го замени досегашниот претседател Ху Џинтао на функцијата на 5 март.
XS
SM
MD
LG