Достапни линкови

Киргистан бара од Белорусија екстрадиција на Бакиев


Курманбек Бакиев
Од канцеларијата на Јавниот обвинител на Белорусија соопштија дека од Бишкек стигнало ново барање за екстрадиција на поранешниот претседател на Киргистан, Курманбек Бакиев. Во минатиот месец судот во Бишкек му изрече казна затвор од 24 години на екс претседателот Бакиев за неговата улога во политички убиства во 2009-та година. Меѓутоа, Бакиев побегна од Киргистан во 2010-та година по големите анти-владини демонстрации и од тогаш живее во Белорусија.
XS
SM
MD
LG