Достапни линкови

Расмусен повика да престане кратењето на трошоците за одбрана


Генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен.
Генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен ги повика земјите-членки на Алијансата да престанат со кратење на буџетите за одбрана. Пред состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки во Брисел, Расмусен рече дека дополнителните кратења може да имаат негативно влијание на способноста на НАТО за ефективна одбрана и заштита на населението. Тој рече дека кога економијата ќе закрепне, членките повторно треба да ги зголемат инвестициите во одбраната.
XS
SM
MD
LG